ЗА КОГО СЕ ВРАЌА ХРИСТОС?


Во Март 2009, Господ ми рече да ги предупредам другите дека наскоро се враќа за да ги пренесе Своите луѓе на небото. 
Потоа (Август 2010), во состојба на болка и фрустрација добивајќи впечаток дека никој не ме слуша, една година подоцна, бев сама во кола и го прашав Бог зошто никој не обрнува внимание на пораката која Тој ми ја даде да ја пренесам на луѓето? Бог ми рече: "Имаше сосема малку луѓе, кога се случуваа големите потези на Бог: малкумина беа спасени од Содом и Гомора; малкумина беа спасени во времето на Ноемалкумина поверуваа дека ИСУС Е ГОСПОД кога Тој одеше по земјата; и малкумина ќе бидат однесени на Небото при Моето доѓање.

Бев вчудоневидена кога следниот ден читајќи,  налетав на овој стих, што всушност беше истата порака:
Лука 17:26-30 : "И како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Човечкиот Син: јадеја, пиеја, се женеа и се мажеа, се до денот кога Ное влезе во Ковчегот; и дојде потопот и ги уништи сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеја, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; а во денот кога Лот излезе од Содом, падна од небото сулфур и ги уништи сите. Исто така ќе биде во оној ден кога ќе се јави Човечкиот Син."

И откако Неговиот Збор дојде до мене дека само малкумина ќе бидат вознесени на небото, Господ во повеќе наврати ми кажа дека само "остатокот""грст од раката", "една трошка од мноштвотоќе бидат вознесени.

На 25 Декември, 2012 година, Господ ми кажа дека се враќа само за оние, кои со „нетрпение седат на работ на нивните столчиња“, чекајќи го Неговото враќање.

Знам за еден човек од Африка, кој неодамна беше на работ на смртта и Бог му кажа дека бројот на вознесените ќе биде како "капка вода во споредба со сад полн со вода."

Веднаш после тоа, една моја пријателка ми кажа за сонот на нејзината пријателка Џули, без да знае за моето искуство за ова кое го изнесувам, со што Бог повторно ми го потврди кажаното со тоа нејзино чудесно сведоштво.

Имено, Џули зборувала како била допрена во срцето од начинот на живот на апостолот Павле. Тој бил фрлен во затвор, но имал радост и Го воспевал Бога во затворот. Апостолот Павле имал надеж и вера во Исус, бидејќи знаел дека Тој му приготвил небесно живеалиште. 
Посланието до Филипјаните ја инспирирало Џули. 
Потоа таа го прочитала делот од Евангелието според Матеј 7:13-14, каде се вели: 

„Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст и мнозина се, кои влегуваат низ неа. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малкумина се кои го наоѓаат.“ 

Откако Џули ги прочитала овие стихови, се молела на Бог да ѝ помогне да разбере и да ѝ покаже визија за значењето на стиховите во Матеј 7:12-14. Таа вечер легнала да спие, по што имала ист сон/визија, последователно неколку денови со ред.  Бог вака ѝ зборувал во сон, како одговор на она, за што таа Го молела.

Бог: "Џули, погледни Ме, ти помагам да осознаеш како да гледаш на твојот вечен живот на небото. Сакаш ли да го следиш примерот на апостол Павле? Дозволи ми да ти покажам и да дадам еден пример."
Џули: "Навистина? Слушам Господе!"
Бог: "Види, види ја сета песок на земјата."
Џули истовремено кимна со главата и рече: "Добро"
Бог: "Можеш ли да го собереш поединечно секое зрнце од сиот песок? Собери ги, па изброј ги, па потоа пушти ги во канта за ѓубре. Можеш ли да ги изброиш сите зрнца песок од овој свет?" 
Џули вчудоневидена рекла: "Невозможно. Не можам." 
Бог се Согласил и рекол: "Погледни ми ја Мојата голема рака. Ти ја покажувам Мојата рака. Само една од Моите раце. "
Џули гледала како Неговата рака го зема песокот.
Тогаш Бог Рекол: "Овој собран песок во мојата рака оди во Рајот. А остатокот од песокот по целата земја ќе биде засекогаш фрлен во огненото езеро."
Сонот/ визијата заврши.
Џули го имала истиот сон/ визија скоро 3 или 4 последователни дена.

(Доколку имате прашања до Julie Doerrmann, нејзината маил адреса е deafvictory@gmail.com)

Ајде сега да ја погледнеме историјата од Библиска перспектива:

- Само 8 спасени за време на потопот на земјата: Ное и неговото семејство.
- Ниту 10 праведници не можеа да се најдат во околината (четири градови) од 30 до 40 илјади луѓе во Содом и Гомора.
- Од 12 ученици, само еден беше на местото, каде што Исус беше распнат.
- Од сиот народ во времето на живеењето на Христос, Тој им се објави на малкумина на земјата, иако беше покрај илјадници.
- Ниту на Мојсеј не му беше дозволено да оди во Ветената Земја.
- Само Јован од 12-мината беше поштеден од мачеништво и тој ни ја претставува Христовата невеста. Сите други апостоли умреа со маченичка смрт.
- Прочитајте го овој вознемирувачки пасус: Езекиел 14:14-16: "ако останат во неа само тројца луѓе - Ное, Даниел и Јов- тие ќе се спасат со својата праведност- говори Господ Бог. Исто така, ако против таа земја пуштам диви ѕверови, за да ѝ ги уништат децата, а неа ја претворат во пустина, низ која никој не ќе се осмели веќе да помине заради ѕверовите; ако во неа останат само тие тројца луѓе, животот Ми Мој- тие не ќе ги спасат ни синовите, ни ќерките, туку само себеси, а нивната земја ќе стане вистинска пустина."

Навистина, може да заклучиме дека Патот е многу тесен и само неколкумина ќе чекорат по Него!

Ти, кој ова го читаш, - колкумина од луѓето околу тебе знаеш дека живеат така што „седат на работ на својот стол“ со погледот вперен нагоре, во очекување на Господ Исус Христос? 
А како контраст на тоа, колкав е бројот на луѓето за кои знаеш дека комфорно си седат, надевајќи се на овој свет, расправајќи се со тебе, затоа што ти им зборуваш дека Христос се враќа наскоро?

Новозаветните Христијани од Библијата зборуваа и поучуваа за неопходноста да сме будни во поглед на Бога. 
Ако тие искрено го очекуваа Исусовото враќање, како копнеж по Љубениот, кој ѝ недостига на Невестата, - тогаш колку повеќе ние треба искрено да гледаме така на тоа, во овие Последни Времиња? (А знаеме дека сме во Последните Времиња, бидејќи светот наголемо Го отфрла Христос). 
Ако не седиш на тој раб од твојот стол, гледајќи кон небото и очекувајќи го Христовото Враќање - не само што си незаинтересиран за настанот Вознесение, туку си и потполно незаинтересиран и за да го осознаеш Срцето на Христос, па затоа гледај да си го испиташ твоето срце, затоа што Господ сака Црква која ДОЛГО И КОПНЕЖЛИВО Го чека; Црква која ЖЕДНЕЕ ЗА НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ!
Затоа ПРЕДАДЕТЕ МУ СЀ! СЀ! Дури и вашите планови за иднината ставете ги во рацете на Бог, Кој сѐ може и дозволете Бог да ги обнови вашите умови, како што и е запишано во Словото:

Римјани 12:2: "Немојте да се прилагодувате со овој свет, туку преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја волја."

Побарајте од Господ Исус Христос да ве крсти во Светиот Дух, да примите целосно помазание и да заживеете во светлина (заменувајќи го вашиот стар живот со целосно обновен живот, исполнети со Светиот Дух). И тогаш кога ќе дозволите Божјата Волја да се исполни во вашиот живот, предавајќи Му ја на Господа целосно контролата во вашиот живот, Бог ќе ви покаже дека светот е слаб, млак, без емоции, во споредба со НЕГОВАТА БЕЗУСЛОВНА ЉУБОВ и Неговите планови за твојот живот. Бог ќе стави глад во вашите срца, така што со нетрпение ќе го очекувате Неговото повторно враќање, а вашите срца ќе бидат подготвени за доаѓањето на Господ Исус Христос, како човек што нетрпеливо седи на работ од столчето, гледајќи кон Небото, очекувајќи Го Спасителот.

Марко 12:30: "Љуби го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила!"

1 Солунјани 5:4: "Но вие, браќа, не сте во темнина - та Денот да ве затече како крадец"

1 Петар 4:18: "И „ако праведникот одвај се спасува, каде ќе се покажат безбожникот и грешникот? "

Матеј 22:14: "Многумина се повикани, но малкумина се избрани"

Матеј 7:17: "Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малкумина се кои го наоѓаат.  "


          (Зборови дадени на Susan Davis
 од Господ Исус Христос во Март, 2009 година)

Image result for few will be raptured


Comments

Popular posts from this blog

ПРОРОЧКО СЛОВО ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА, КОЈА ЈАВНО ЌЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА Е КРАЛИЦА НА РЕПТИЛЦИТЕ

ТЕ САКАМ!