ТЕ САКАМ!


Уметноста на Љубовта е едноставна. Уметноста на Љубовта е твоето целосно предавање на некој друг. Положување на твојот живот без да се премислуваш, тоа е Љубовта. Таа е секогаш давање, а никогаш да не очекуваш нешто за возврат. Љубовта е нешто повеќе од тоа, ти да си во центарот. Љубовта не може да биде воздржана. Љубовта тече како дива река. Љубовта е почетокот на Раѓањето. Љубовта и создавањата на љубовта не се од Телото.
ТАА Е КРЕАЦИЈА НА КРЕАТОРОТ. Зашто Креаторот е Чиста Љубов. Љубовта ти помага да растеш. Љубовта те прави силен. Љубовта те прави мудар. Љубовта те носи поблиску до Јехова, до Исус Христос, до Светиот Дух. Љубовта е она кон кое сите Христијани треба да се стремат, Љубовта на Христос, Љубовта од Светиот Дух, Љубовта на Таткото, Јехова. Твојот Бог не е комплициран. Бог е Едноставен. Едноставно Љубов. Тоа не е тешко за да се сфати. Мора да заборавиш на себеси.
Знам многу луѓе кои никогаш нема да можат да сфатат ваква изјава, а сепак сеуште е толку едноставно. Сите ја имаме. Сите можеме да ја употребиме. Но ако не ја практикуваш твојата Љубов кон ближниот, твојот Дух никогаш нема да биде исполнет. Секогаш ќе бидеш во недостиг и неисполнетост. Секогаш ќе постои желба за Незадоволство, зашто она кое го даваш, во делот на Љубовта, мора да го имаш веќе пополнето во твојот Дух.
Доближете се до Љубовта на Мојот Син Исус Христос и Тој ќе се приближи кон вас во Љубов. Тој се приближува кон вас, иако вие не го знаете тоа. Јас се приближувам кон вас. Светиот Дух ви се приближува. Рацете Ни се отворени. Сакаме да ве држиме. Сакаме да ве доприме. Сакаме да ве љубиме. Сакаме да се грижиме за вас. Сакаме да ве заштитиме, се со еден Збор, - *Љубов*.
Но имаш избор, да Не’ сакаш или да не Не’ сакаш. Словото  (Светото Писмо) е Едноставно, но самиот човек го направи со толку комплексно значење, од многуте зборови кои се толку едноставни. Зашто ако сакаш да одиш во Рајот, треба да научиш да Сакаш и да не очекуваш нешто за возврат. Прави го тоа зашто го сакаш тоа, зашто Христос Те Љуби. Тој умре за тебе, зашто МЕ Сакаше МЕНЕ. Тој умре за Тебе. 

Го испратив Син Ми за да умре за тебе, заште ТЕ САКАМ.

Ти зборувам сега, зашто Те Сакам. Сакам да ја слушаш и разбереш Љубовта која Ми Е на Усните. Зашто ако има нешто кое ќе те спаси, тоа ќе биде Љубовта која расте во Твоето Срце, кое комуницира со Мене. Не е до она кое Луѓето ти го кажуваат, Пасторите, Теолозите, Политичарите. Има толку многу нивоа и титули, но тоа не е важно.
Најважното нешто е да Ме сакаш над се друго. И ќе ти биде добро низ сите искушенија и турбуленции, низ подемите и падовите на овој Свет. Зашто нема никогаш да те Заборавам ако Ме Сакаш, а Јас Те Сакам. Ќе создадеме нераскинлива врска, која ништо на овој Универзум нема да може да ја уништи и раздели. Дури и да бегаш, нема да те оставам, зашто Те Сакам. Зашто знам дека ќе се вратиш. Зашто и ти Ме Сакаш.
Чеда мои, едноставно е. Сакајте Го Небесниот Татко, Креаторот на Небото и Земјата, преку Мојот Син Исус Христос од Назарет и Светиот Дух. Тоа е се што барав од Адам и Ева, само да Ме сакаат и Јас ќе им ја возвратев љубовта, но не го исполнија тоа, уште во Едемската Градина не успеаја во тоа, во тој миг се’ се промени, се случи пресврт од непријателот, ѓаволот. Но, ја градам Мојата Нова Градина, Моето Ново Небо, Мојот Нов Свет и почнувам се’ ново, чисто. Се е зад аголот.
Се надевам МЕ СЛУШАШ со отворено Срце, зашто блиску е. Толку е блиску. Би се исплашил доколку го знаеш датумот. Но, се се сведува на првичниот Свет што беше во Едемската Градина. " Љубов. " Истиот тој Свет ќе биде обновен, исто како и Градината, во многу поминати години, кога вашите Родители Ме заборавија, но слушај, не значи дека е завршено. Значи дека се приближуваме кон Ново Ниво, Нов Свет, Нова Градина.
Подгответе ги вашите Срца и качете се на Арката. Сетете се на Ное. Ме сакаше и Го Сакав. Денот на Ное е овде уште еднаш. Запомни, Те сакам. Тоа е се’. Тоа е она кое е важно. Никогаш не заборавај Го Татко ти, Твојот Цар на царевите, Господарот на Господарите, Исус Христос од Назарет, Исполнителот на Мојот Закон. Преку Силата на Светиот Дух, наскоро ќе те однесам дома. Наскоро. Те сакам, никогаш не заборавај го тоа. Јехова Те Сака.
Засекогаш, Твојот Бог.


Пророштво број 98 дадено на Рејмонд Агилера од 18 Јуни 1992 година


Image result for GOD'S LOVE



Comments

Popular posts from this blog

ПРОРОЧКО СЛОВО ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА, КОЈА ЈАВНО ЌЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА Е КРАЛИЦА НА РЕПТИЛЦИТЕ

ЗА КОГО СЕ ВРАЌА ХРИСТОС?